Дома Трансфер зона Реал Мадрид се насочува кон Тилеманс

Реал Мадрид се насочува кон Тилеманс

Шпанскиот гигант Реал Мадрид е силно заинтересиран за играчот за врска на Лестер, Јури Тилеманс.

Скаути на „кралскиот“ клуб долго време ги следат настапите на 24-годишниот играч за врска и сакаат да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Реал Мадрид смета дека Белгиецот би бил идеална замена за Модриќ, кој иако игра фантастично сепак е на залез на кариерата.

„Кралевите“ започнаа со подмладување на средниот ред со доаѓањето на Камавинга, а Тилеманс е новото име на списокот на Анчелоти.

Тиелеманс има договор на уште 18 месеци со „лисиците“, но е спремен за чекор напред во кариерата, а Лестер за неговата слобода бара 40 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…