Дома Фудбал Реал донесе конечна одлука за Асенсио

Реал донесе конечна одлука за Асенсио

Раководството на Реал Мадрид донесе конечна одлука која е во прашање иднината на Марко Асенсио, пренесува „Марка“.

Асенсио влезе во последната година од договорот, а Реал одлучил да не му понуди продолжување на соработката. Тоа значи дека Шпанецот или ќе биде продаден ова лето за 30 милиони евра или следното лето ќе замине како слободен агент.

Првата опција е многу поприфатлива за Реал, но и за самиот Асенсио, кој не сака уште една сезона да ја помине на клупата за резерви, особено во година кога има Светско првенство.

За Асенсио интерес покажуваат Милан и клубови од Премиер лигата како Ливерпул, Арсенал и Њукасл.

„Марка“ пренесува дека истата одлука Реал ја донел и за Дани Себаљос, кој исто така е ставен на трансфер листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел: Конте е одличен стратег, но не му верувам

Во недела се игра првото дерби во Премиер лигата, Челзи ќе го пречека Тотенхем. Ривалите о…