Дома Топ вести Реал во Бразил го пронајде наследникот на Каземиро

Реал во Бразил го пронајде наследникот на Каземиро

Реал Мадрид е силно заинтересиран за играчот за врска на Фламенго, Жоао Гомес, пренесуваат шпанските медиуми.

Гомес од 2020 година е во првиот тим на Фламенго и во последно време игра фантастично, па дури го истисна Видал од стартниот тим.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тој има договор со Фламенго до 2025 година, но неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес, а Реал сака да ја победи конкуренцијата.

Реал во него гледа идеален наследник на Каземиро, кој ова лето беше продаден во Манчестер Јунајтед.

21-годишниот играч за врска е посакуван уште од Ливерпул и Милан, но Реал има одлични односи со Фламенго и сака уште во јануари да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…