Дома Македонски спорт Мак ракомет Реакција на РФМ: Тимот пулсира во единство, статуси на социјалните мрежи нема никому да донесат добро

Реакција на РФМ: Тимот пулсира во единство, статуси на социјалните мрежи нема никому да донесат добро

Македонската ракометна репрезентација вчера претрпе пораз од Холандија кој донесе големо разочарување, а денес до реакција се огласија од Ракометната федерација.

Според соопштението кое го објавија од ракометната федерација некои изјави на ракометарите биле извадени од контекст.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Исто така во реакција се споменуваат и статусите на македонски навивачи кои тврдеа дека влегле во конфликт со Ацо Јоноски по натпреварот.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Ракометната репрезентација на Македонија учествува на осмо светско првенство; дванаесетто големо натпреварување во низа. Со седум дебитанти на теренот и еден од најмладите национални тимови на мундијалот, тешко се носевме со двата противника во групата.

ПОРАЗИТЕ БОЛАТ и навистина ни е жал што до сега не ја израдувавме бројната фаланга во Краков. Уште еднаш, огромна благодарност за нашиот осми играч!

Пред клучниот натпревар на ова првенство, против селекцијата на Аргентина, би сакале да се заблагодариме на македонските медиуми за поддршката и љубезно да замолиме да не се вадат изјавите на играчите од контекст.

Тешко е за сите, особено за оние кои се на првите борбени линии, а сензационалистички наслови и поединечни статуси на социјалните мрежи, никому нема да донесат добро.

Тимот е сложен; пулсира во духот на единството и одиме со сите сили на трета среќа: СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!“, објавија од РФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…