Дома Фудбал Останато Раул не сака да заврши како Пирло

Раул не сака да заврши како Пирло

Се уште не е сигурно дека Зинедин Зидан ќе биде тренер на Реал Мадрид и наредната сезона.

Денешната насловна на „Марка“ е посветена на легендарниот Раул Гонзалес кој фигурира како прва мета ако

Зидан замине. Раул го води вториот тим на Реал и според информациите сака да собере уште искуство пред да прифати некој поголем предизвик.

Сите сме сведоци како Андреа Пирло поминува во Јувентус и сега е јасно дека одлуката толку рано да добие таква задача беше преголем залак.

Раул работи одлично во вториот тим на Реал минатото лето ја освои Лигата на шампионите и во клубот се свесни дека има потенцијал во иднина да биде прв тренер.

Ако Раул во овој момент одбие алтернатива е Алегри кој долго време се поврзува со Реал, но сега се најавува и враќање на Италијанецот во Јувентус затоа што Пирло веројатно ќе добие отказ на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Историски момент беше денес да се гледа Македонија, срцето ми е полно за Пандев“

Марио Ѓуровски како што најавивме е дел од нашиот експертски кој ги коментира натпреварите…