Дома Фудбал Останато Ракитиќ: Роналдо е еден од најдобрите во историјата, сакам да играм со него

Ракитиќ: Роналдо е еден од најдобрите во историјата, сакам да играм со него

Фудбалерот на Барселона Иван Ракитиќ истакна дека би сакал да заигра заедно со Роналдо бидејќи го смета Португалецот за еден од најдобрите во историјата.

Хрватот има договор со Барселона до летото 2021 година и постојат големи шанси во летото кое следи да ја напушти Барселна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во претходниот период како потенцијална дестинација за Ракитиќ се споменуваше Јувентус, а сега 31 годишниот фудбалер ги подгреа гласините со изјавата дека сака да игра со Роналдо.

„Секако дека сакам да играм со Роналдо. Тој е еден од најголемите во историјата, уживање е да се гледа. Погледнете што прави во Јувентус“, изјави Ракитиќ.

Ако овој трансфер се реализира Ракитиќ ќе добие прилика после Меси да биде соиграч и со вториот играч кој ја обележа оваа ера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…