Дома Фудбал Италија Раиола призна: Постои можност Погба да се врати во Јувентус

Раиола призна: Постои можност Погба да се врати во Јувентус

Контроверзниот менаџер, Мино Раиола даде интервју за инталијанските медиуми и повторно крена голема прашина.

Раиола мешу другото зборуваше за иднината на Пол Погба, кој влезе во последната година од договорот со Манчестер Јунајтед.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Менаџерот на Французинот не исклучува негово враќање во редовите на Јувентус.

„Пол Погба има договор до јуни, ќе разговараме со Манчестер јунајтед и ќе видиме што ќе се случи. Торино има посебно место во срцето на Пол, па има шанси тој да се врати во Јувентус, но многу работи зависат и од плановите на Јувентус“, изјави Раиола.

Погба следното лето ќе биде слободен агент, а интерес за него покрај Јувентус покажуваат уште ПСЖ и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед или Барселона? Рашфорд јавно кажа каде сака да игра следната сезона!

Рашфорд не успеа да го убеди Рубен Аморим да му даде шанса во Манчестер Јунајтед, но откак…