Дома Фудбал Италија Раиола до Милан: Направете го Донарума најплатен голман во светот!

Раиола до Милан: Направете го Донарума најплатен голман во светот!

Мино Раиола има високи барања за себе и своите клиенти, а со неговиот таков став сега проблем има Милан.

„Калчомеркато“ тврди дека Мино Раиола влегол во преговори со разни клубови, како и со Милан. Според информациите Раиола бара од Милан да го направи Донарума најплатен голман во светот.

Наводно, Милан до Донарума доставил понуда од осум милиони евра по сезона, меѓутоа Раиола барал 12.

Тие 12 милиони евра по сезона се двојно повеќе од она што Донарума сега го заработува во Милан. Со таа сума младиот голман би бил втор најплатерн играч во Италија зад Роналдо (31 милион евра) и најплатен голман во светот. Во овој момент на врвот е Давид Де Геа кој во Јунајтед има плата од 11 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус започна преговори со Гатузо

Јувентус веќе ја започна потрагата по нов тренер за следната сезона, пренесуваат италијанс…