
Флорентино Перез е новиот претседател на Реал Мадрид. Поточно, тој останува претседател на овој клуб. На изборите што се одржаа, неговиот противкандидат немаше речиси никакви шанси за победа.
Перез оствари уверлива победа, а малку по полноќ беа сервирани првите две големи „бомби“ по победата на изборите.
Според информациите од шпанските медиуми, веќе е познато кој ќе биде во стручниот штаб на Жозе Мурињо.
Покрај тоа, втората „бомба“, можеби и поголема, ја сервираше новинарот Хозе Луис Санчез.
„Токму сега ми беше кажано името на потенцијалната ѕвезда од 150 милиони евра. Тоа е неочекувана „бомба“.
Мислам дека зделката ќе биде завршена за тие 150 милиони евра.”