
По драматичните моменти на натпреварот помеѓу Данска и Украина, Кристијан Ерксен наскоро треба да ја напушти болницата. Познатиот доктор Кристијан Ланге верува дека фудбалерот може да продолжи со спортскиот живот и во иднина.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Докторот од Одделот за кардиологија во болницата „Амагер“ во Копенхаген е уверен дека имплантираниот дефибрилатор кај Ерксен ја извршува својата задача како што треба.
„Дефибрилаторот реагираше и го направи тоа за што е наменет. Изминаа пет години од претходниот срцев напад. Тренираше, играше и се чувствуваше одлично. Во животот имаше два инцидента, и тоа за време на фудбалски натпревари, но освен тоа немаше никакви проблеми. Можеме да видиме дека уредот функционира и дека нема опасност по неговиот живот. Верувам дека ризикот е минимален, бидејќи уредот работи правилно и така би требало да биде и во иднина,“ изјави докторот.
Моменти кога фудбалот станува второстепен 💔
— AS USA Latino (@US_diarioas) June 7, 2026
Ерксен повторно се сруши за време на натпревар со Данска, што доведе до моментално прекинување на средбата со Украина 🚨
(Данската федерација потврдува дека фудбалерот е свестен, стабилен и под набљудување… pic.twitter.com/T1RePVlKgo