Дома Фудбал Aмериканците за Иранците имале специјални правила и важеле само за нив

Aмериканците за Иранците имале специјални правила и важеле само за нив

Откако успеа да го реши прашањето со визите, фудбалската репрезентација на Иран повторно е во центарот на политичка и дипломатска контроверза, точно пред почетокот на Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според официјалните податоци, иранските фудбалери мораат да почитуваат строги правила за влез и престој во Соединетите Американски Држави. Играчите можат да пристигнат само на денот на натпреварот и мора да ја напуштат земјата веднаш по завршувањето на натпреварот. Дополнително, дел од делегацијата се соочи со тешкотии при добивање на визи поради, како што се вели, мерки за „превенција на тероризмот“.

„Во САД може да влеземе наутро, а мораме да заминеме истата вечер,“ потврди иранскиот амбасадор во Мексико, Аболфазл Пасандиде, објаснувајќи ги рестрикциите што се воведени како резултат на долгогодишните политички тензии меѓу Вашингтон и Техеран.

Поради забраната за ноќевање на американска територија, Иран беше принуден да ги промени своите логистички планови. Наместо првично планираната база во Туксон, Аризона, репрезентацијата ќе биде сместена во Мексико во текот на турнирот, од каде ќе патува до САД за натпреварите.

„Немаме никаков мотив да им ја ускратиме гостопримливоста во нашата држава,“ изјави мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.

„Американските власти не сакаат иранскиот тим да ноќева на нивна територија, а тие треба да играат три натпревари. Поради тоа, не прашаа дали можат да престојуваат во Мексико и ние воопшто не се двоумевме да дадеме согласност.“

Иранските претставници претходно побараа од FIFA сите натпревари од групната фаза да бидат преместени во Мексико, но тоа барање беше одбиено. Иран ќе игра во групата со Нов Зеланд и Белгија во Калифорнија, како и против Египет во Сиетл, што значи дека секој пат ќе мора да минуваат низ напорни еднодневни патувања и гранични проверки.

Иако на крај визите за играчите и стручниот тим беа одобрени, американските власти одбија да издадат дозволи за влез на поголем број членови од логистиката и делегацијата, вклучувајќи го и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Иран, Мехди Тадж.

Од Стејт департментот потврдија дека потребните визи за учество на Светското првенство се издадени, но испратија и мошне остра порака.

„Визите неопходни за учество на Иран на Светското првенство, кои ги вклучуваат спортистите и нивниот најблизок тим, се уредно издадени. Сепак, нема да дозволиме иранскиот тим да го злоупотреби овој систем за под изговор на спортски натпревари да пренесе терористи во Соединетите Американски Држави.“

Дополнителни тензии предизвика и Доналд Трамп, кој јавно го доведе во прашање безбедноста на иранските фудбалери во Америка.

„Сметам дека, поради нивната безбедност и животите, не е соодветно да бидат на таа територија,“ изјави Трамп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …