Дома Фудбал Данскиот селектор откри како реагирал откако се онесвести Ериксен

Данскиот селектор откри како реагирал откако се онесвести Ериксен

Додека играчите се собираа околу Кристијан Ериксен, данскиот селектор Бриан Ример за само неколку моменти им пријде на украинскиот колега и судијата на натпреварот. Не постоеше никакво сомнение дека фудбалот повеќе нема да се игра откако данската ѕвезда се сруши на трева на стадионот во Оденсе, дури и откако брзо стана јасно дека е свесен, пишува „TV 2 Sport“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Веднаш разговарав со украинскиот селектор, нивното водство и судијата за да им кажам дека нема да продолжиме со натпреварот. Без разлика на сè“, изјави Ример, потврдувајќи дека одлуката ја донел веднаш.

„Знаев дека тоа искуство длабоко ги погоди сите и дека со оглед на тоа не можевме да продолжиме. Притоа не е важно дали станува збор за пријателски, квалификациски натпревар или натпревар на Светското првенство. Одлуката ја донесовме рано, со голема почит кон судијата и украинската страна. Тоа беше едноставна одлука“, рече Brian Riemer за TV 2 Sport.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентинците бараат да се повтори финалето на Светското првенство: Повеќе од 100.000 луѓе потпишале петиција

Дел од аргентинските навивачи тврдат дека финалето против Шпанија го одбележало „корумпира…