Дома Фудбал Репрезентации Работеше на градилиште во 2017 година, а сега ќе игра Европско првенство

Работеше на градилиште во 2017 година, а сега ќе игра Европско првенство

Дел од селекторите на земјите учесници веќе ги објавуваат списоците за претстојното Европско првенство, а тоа го направи и селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.

Далиќ во нападот се одлучи да го повика и Марко Пашалиќ кој зад себе има одлична сезона во дресот на Ријека. Во минатото Пашалиќ беше дел од Борусија Дортмунд, но запиша само еден натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговиот животен пат е интересен и тој тоа не го крие.

„Започнав во 2017 година како градежен работник. Татко ми ме запиша на факултет, а јас сакав да учам поради фудбалот. Ми кажа дека мора да работам како градежник, ако не сакам училиште. Секое утре во осум часот, јас, мојот брат и уште двајца работници одевме на работа.

Најтешко од се ми беше кога изнесував шут на 35 степени. По неколку месеци научив и да молерисувам, важно беше само да имаме леб дома. Бев и казнуван кога не работев како што треба. Немам проблем да работам, да сум во Германија и да му треба помош на мојот брат, пак ќе работам“, изјави Пашалиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…