Дома Фудбал Италија Пјонтек продолжи да „решета“, првенец и за Пакета – Милан пресилен за Каљари (ВИДЕО)

Пјонтек продолжи да „решета“, првенец и за Пакета – Милан пресилен за Каљари (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан вечерва убедливо славеа против Каљари со 3:0 во рамките од 23-тото коло во Серија А.

Избраниците на Џенаро Гатузо одиграа одличен натпревар и на крајот го разбија противникот предводени од новајлиите Пакета и Пјонтек.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


До водство „росонерите“ стигнаа во 13-тата минута. Топката кратко ја одби голманот Крагно, но на негова жалост го погоди својот стопер Цепетели, па таа заврши во мрежата.

Девет минути подоцна нов погодок во мрежата на Каљари. Калабрија испрати одлично нафрлување, а Лукас Пакета го постигна својот првенец во Серија А.

Иако имаше уште прилики на полувреме се замина со 2:0. Во второто полувреме Криштоф Пјонтек ја продолжи одличната форма и ги посави конечните 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Перез чукна на вратата на Арсенал, од Лондон му порачаа: „150 милиони евра и можеш да го имаш“

Реал Мадрид наводно е заинтересиран за еден од најдобрите средни играчи во светот, Деклан …