Дома Трансфер зона ПСЖ спреми нов договор за Рабио: Ќе добие тоа што ќе посака

ПСЖ спреми нов договор за Рабио: Ќе добие тоа што ќе посака

Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи е задоволен од игрите на „светците“ оваа сезона и покрај поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

Сопственикот на клубот е особено воодушевен од Адриен Рабио. Младиот играч за врска оваа сезона се етаблираше како еден од најдобрите во тимот на Парижаните и постигна гол на „Сантиаго Бернабеу“.

Неговиот договор истекува во јуни 2019 година, но од ПСЖ сакаат по секоја цена да го задржат долгорочно, па сопственикот Ал Келаифи е спремен да ги задоволи сите негови барања.

ПСЖ му нуди нов договор, па иако има само 22 години, Рабио ќе стане еден од најплатените фудбалери на светот и ќе остане на „Паркот на Принцовите“ најмалку до 2023 година.

Рабио во ПСЖ пристигна за само 1,5 милиони евра од Тулус пред пет години, а денес неговата вредност се проценува на 50 милиони евра. Притоа, Рабио е идентивикуван како иден капитен на „светците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мбапе му дал ветување на Реал Мадрид

Во Реал Мадрид се убедени дека наредното лето ќе им се приклучи еден од најдобрите фудбале…