Дома Фудбал Останато ПСЖ со официјално соопштение за повредите на Мбапе и Нејмар

ПСЖ со официјално соопштение за повредите на Мбапе и Нејмар

Пред фудбалерите на ПСЖ е голем предизвик во Лигата на шампионите и лесно може да се случи овој клуб да не се пласира во нокаут фазата од ова натпреварување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ПСЖ веќе во наредната среда пред своите навивачи игра против Ливерпул и јасно е дека во овој натпревар им е потребна победа. Не е невозможно ПСЖ да се прости од најелитното европско натпреварување уште во групната фаза, што за овој клуб би било еднакво на катастрофа.

На натпреварите за своите репрезентации се повредија Нејмар и Килијан Мбапе кои порано ги завршија натпреварите. Нејмар ја повреди препоната и натпреварот помеѓу Бразил и Камерун го заврши во осмата минута. Мбапе пак во 36-тата минута го напушти натпреварот помеѓу Франција и Уругвај.

ПСЖ вчера официјално потврди дека фудбалерите се повредени, но повеќе информации не открија и најавија дека работите ќе бидат познати во наредните 48 часа.

Ќе биде навистина лошо за „светците“ доколку во важниот натпревар против Ливерпул бидат без двете најголеми ѕвезди.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…