Напаѓачот на Ремс, Хуго Екитике, кој оваа сезона го привлече вниманието на многу европски гиганти е пред трансфер во ПСЖ.




Екитике е централен напаѓач, но може да игра и како крило, а оваа сезона постигна 11 гола и запиша 3 асистенции и важи за нова француска ѕвезда.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Неколку европски гиганти го сакаа во своите редови, но ПСЖ ја доби битката и веќе постигнале комплетен договор со напаѓачот.




Њукасл понуди 36 милиони евра и дополнителни 10 милиони евра како бонуси за неговите услуги, но тој одби таков трансфер.
Младинскиот репрезентативец на Франција сака трансфер во ПСЖ и ги одбил сите други понуди.