Пари Сент Жермен ова лето предизвика вистински земјотрес на трансфер пазарор и ги донесе Нејмар и Мбапе за 400 милиони евра.
Сепак, „светците“ не планираат да застанат и веќе прават планови за следната голема ѕвезда која треба да го засили средниот ред.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Матуди го напушти Париз ова лето, Тиаго Мота е на залез на кариерата, па ПСЖ планира да донесе големо засилување во средниот ред.
Како што пренесуваат медиумите на Островот изборот паднал на ѕвездата на Челзи и француски репрезентативец, Нголо Канте.
Канте веќе неколку сезони е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата и последните две сезони беше креатор на успесите на Лестер и Челзи.
Медиумите тврдат дека Канте е трансфер цел број еден на ПСЖ и за неговиот потпис се спремни да платат неверојатни 90 милиони фунти.
Иако Челзи не сака да се раздели од Канте, сепак ќе мора да размисли на ваква понуда, особено поради фактот што „сините“ за неговиот потпис потрошија „само“ 32 милиони фунти.