Италијанските медиуми пренесуваат дека Пари Сент Жермен испратил официјална понуда до Милан за Карлос Бака „тешка“ 40 милиони евра.
Унаи Емери по секоја цена го сака Бака во својот тим, па раководството на „светците“ веќе испрати понуда од 40 милиони евра до „росонерите“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ тврди дека Милан експресно ја одбил таа понуа и им понудил трампа на Французите. Имено, „росонерите“ се спремни да го пуштат Карлос Бака, но сака ако го добијат потпсот на Едисон Кавани.
Кавани не е задоволен од престојот во Париз и е спремен да се врати во Серија А, а Милан ќе се одлучи на продажба на својот најдобар голгетер само доколку за возврат го добие Уругваецот.
Бака блеска оваа сезона во Серија А и има 6 постигнати гола после првите седум кола, исто колку Игуаин и Икарди.