Фудбалскиот клуб Пари Сент Жермен денес и официјално го промовираше Јулијан Дрекслер кој доаѓа од Волфсбург за трансфер вреден 36 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дресклер се обврза на верност кон „светците“ до 2021 година и така стана првото засилување за ПСЖ во зимскиот преоден рок.
„Големо е задоволството што се приклучив на Пари Сент Жермен. Прв пат во кариерата имам шанса да запознаат нова земја, нова лига и горд сум што станав дел од клубот кој поставува стандарди во Европа. Се надевам дека ќе му помогнам на клубот во освојување на нови трофеи и напредок на интернационална сцена“, истакна Дрекслер.