Дома Фудбал Англија Протест на навивачите на Њукасл: Не сакаат Саудиска Арабија да игра на нивниот стадион

Протест на навивачите на Њукасл: Не сакаат Саудиска Арабија да игра на нивниот стадион

Група навивачи на Њукасл протестираа пред стадионот „Сент Џејмс Парк“ поради тоа што стадионот на овој клуб се користи за натпревари на репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Саудијците одиграа натпревар против Костарика кој го загубија со 1:3, а во вторник ќе се сретнат и со Јужна Кореја исто така во пријателски натпревари.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Како што е познато Њукасл е во сопственост на саудискиот инвестиционен фонд, па така е овозможено токму на стадионот на премиерлигашот да игра оваа репрезентација.

Тоа не им се допаѓа на одредени кругови на навивачите на Њукасл кои протестот го истакнаа со протести пред стадионот пред натпреварот помеѓу Саудиска Арабија и Костарика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Џејми Варди има повеќе понуди, но очајно сака само во еден клуб

Џејми Варди, легендарниот напаѓач на Лестер, наводно очајно сака кариерата да ја продолжи …