Дома Македонски спорт Мак фудбал Продолжуваме да паѓаме: Македонија на 155-то место!

Продолжуваме да паѓаме: Македонија на 155-то место!

Македонската фудбалска репрезентација забележа нов пад, овој пат од осум места на најновото рангирање на ранглистата на ФИФА и сега се наоѓа на 155-то место.

Падот беше очекуван после двата порази од Израел и Италија, но сигурно не е очекувано репрезентации како Маурициус и Бурунди да бидат пред нас, а Фарски Острови веќе станаа недостижни за Македонија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од нашата квалификациска група за пласман на СП во Русија, најдоброрангирана е Шпанија на 10. место, напредувајќи овој месец за една позиција, пред Италија која е на 13. место. Албанија е на 47. место, а Израел е на 79-та позиција. Лихтештајн е единствено зад нас на 183. место.

Најдоброрангирана селекција на ФИФА листата е Аргентина, пред Германија, Бразил, Белгија, Колумбија, Чиле, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија во ТОП 10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Лина Ѓорческа со пресврт до четвртфинале

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на турнирот …