Македонскиот кошаркар кој го носи дресот на Хувентус, Ненад Димитријевиќ вчера беше прогласен за најдобар кошаркар во годината на гала вечерта.
За 21 годишниот кошаркар ова е прва ваква награда со што им се придружи на големи имиња како: Петар Наумоски, Гечевски, Антиќ, Чековски, Војдан и Дамјан Стојановски…
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најмногу награди на гала вечерта завршија кај МЗТ Скопје (четири). Две скопскиот тим за најдобри екипи во сениорска и младинска конкуренција, како и за најдобар тренер кај сениорите (Ѓорѓи Кочов) и во машка младинска конкуренција (Горан Крстевски).
Помеѓу другите награди се додели и наградата за најдобра кошаркарка која заврши во рацете на Александра Стојановска.
Листа сите доделени награди:
Најдобар кошаркар: Ненад Димитријевиќ (Шпанија).
Најдобра кошаркарка: Александра Стојановска (Албанија).
Најдобар тренер во странство: Емил Рајковиќ.
Најдобар тренер во машка конкуренција: Ѓорѓи Кочов.
Најдобар тренер во женска конкуренција: Жаклина Стојановска.
Најдобра машка екипа: МЗТ Скопје.
Најдобра женска екипа: ЖКК Вардар.
Најдобар судија: Александар Милојевиќ.
Најдобра младинска репрезентација: Машка кадетска репрезентација.
Најдобар млад кошаркар: Андреј Јакимовски (Италија)
Најдобра млада кошаркарка: Илина Селцова (Унгарија).
Најдобар тренер во машки младински категории: Горан Крстевски (МЗТ Скопје).
Најдобар тренер во женски младински категории: Владимир Ѓоровиќ (Струга 2009).
Најдобра машка младинска екипа: МЗТ Скопје.
Најдобра женска младинска екипа: Бадел 1862.