Majк Тајсон (54) кон крајот на минатата година после 16 години се врати во рингот и се бореше против Рој Џонс Жуниор.
Покажа Тајсон дека уште има „бомби“ во рацете. Редовно тренира за нови предизвици, а набрзо ќе се најде во ринг со неговиот најголем ривал Евандер Холифилд (58).
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Големиот пријател на Тајсон Заб Џудах тврди дека се е потпишано за борба помеѓу Мајк и Евандер.
„Борбата е договорена. Мајк Тајсон против Евандер Холифилд „тројка“ – неверојатно! Се е потпишано, двајцата секојдневно тренираат и нема да има никакви игри, тоа ќе биде вистинска борба“, изјави Џудах.
Според информациите борбата би требало да се одржи во Дубаи, а заработката од истата се очекува да биде околу 300 милиони долари.
Тајсон има два порази во борбите со Холифилд. Првиот со технички нокаут во 11 рунда во 1996 година, а во 1997 се одржа познатата борба кога Тајсон го гризна увото на Холифилд и беше дисквалификуван.