Познатиот фудблаер и легендата на Рома, Франческо Тоти ќе се појави во најпопуларното италијанско ријалити „Лов на познатите“ (Celebrity hunted).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шокантната одлука на „Принцот на Рим“ ги изненади многумина, бидејќи сите очекуваа Тоти да се врати во фудбалот од каде што си замина во јуни поради конфликт со американските сопственици на клубот од Рим.
Идејата на ријалитито во кое што Тоти ќе влезе е да се „ловат“ познатите личности од страна на професионални ловци. Познатите личности се обидуваат да побегнат од ловците во одреден простор.