Стадионот во „Гоце Делчев“ во Прилеп полека го добива финалниот изглед.
Цели 4 години стадионот „Гоце Делчев“ беше рушевина, но Општина Прилеп во соработка со ФФМ го исполнија ветеното за конечна реконструкција и модернизација на стадионот.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Со поставување на тревникот се овозможува Прилеп и Победа да добијат репрезентативен стадион, на кој се надеваме дека повторно сите заедно ќе се радуваме на спортски успеси.
Победа, како еден од најреномираните фудбалски клубови во Македонија, заслужуваше да добие модерен и функционален стадион.
Целосно е реконструираба јужната трибина заедно со срушениот ограден ѕид, покриена е северната трибина со сите придружни делови на истата како Ресторан, ВИП ложа, простор за прес конференции, новинарска ложа…