Првиот човек на УФЦ Дајна Вајт јасно најави дека сака повторно да организира борба помеѓу Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов.
Таа борба сигурно ќе започне да се планира откако Конор го нокаутираше Доналд Серон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тоа би била најголемата борба во историјата на УФЦ. Знам дека Конор ја сакаа тоа борба, би сакал и јас да ја видам. Но, би сакал да го видам и против Масвидал. Борбата помеѓу Кабиб и Конор би можела да се одржи било каде, на стадиони, во големите сали…Мораме да седнеме и разговараме. Единствено што знам е дека нема да биде во Москва. Постојат многу причини зошто. Може да биде во Велика Британија, Њујорк, Далас…Кабиб не е голема љубител на Лас Вегас. Не знам“.
„Овие момци се мразат, постои омраза помеѓу комплетните тимови. Ние мораме да се погрижиме да не се случи нешто непредвидено“, изјави Вајт.