Поранешниот претседател на турскиот фудбалски клуб Анкарагучи, Фарук Коџа (60), е осуден на три години и седум месеци затворска казна.
Тој физички го нападна судијата Халил Умут Мелер по натпреварот помеѓу Анкарагучи и Ризеспор во декември минатата година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По натпреварот Коча слезе на теренот, му пријде на судијата и го удри со тупаница во главата, а тој од ударот падна на земја.
Скандалот го обиколи светот, а турското правосудство реагираше и го испрати Коча на долгогодишна затворска казна.