Дома Топ вести Претседателот на Баерн за Халанд: Ние сме моќни економски и можеме да го купиме кого сакаме!

Претседателот на Баерн за Халанд: Ние сме моќни економски и можеме да го купиме кого сакаме!

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер зборуваше за можноста клубот да го донесе напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Тој во разговор за германските медиуми откри дека Баерн има економска моќ и без проблем да реализира таков трансфер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Екомонски сме многу силен и стабилен клуб. Нормално дека и ние многу загубивме поради пандемијата, но секогаш можеме да го купиме играчот за кого сме сигурни дека ни е потребен“, изјави Хајнер.

„Пред само две недели нашиот спортски директор потврди дека го доведовме еден од најдобрите дефанзивци, Дајот Упамекано“, додаде претседателот на Баварците.

Халанд е на мета на многу европски гиганти и се очекува неговиот трансфер да изнесува околу 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…