Дома Останати Кошарка НБА Пред 28 години Дражен Петровиќ го одигра последниот натпревар во кариерата

Пред 28 години Дражен Петровиќ го одигра последниот натпревар во кариерата

На денешен ден пред 28 години Дражен Петровиќ го одигра последниот натпревар во кариерата, еден ден подоцна загина во собраќајната несреќа кај Инглоштад.

Последниот натпревар Дражен го одигра во Вроцлав, Полска еден ден пред големата трагедија, на 6. јуни.
Стануваше збор за еден неважен натпревар за Хрватска во квалификациите за Европското првенство. Тоа беше натпревар без резултатско значење затоа што и Словенија и Хрватска имаа изборено пласман претходно.
На крајот славеше Словенија со четири поени разлика 94:90. Дражен натпреварот го заврши со 30 поени, последниот беше од слободно фрлање на 40 секунди до крајот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И покрај тоа што натпреварот немал резултатско значење Дражен играл максимално ангажирано, а постојат и информации кои говорат дека по натпреварот им замерил на соиграчите за недоволната ангажираност. Треба да се спомене дека пред овој натпревар Дражен се опоравуваше од повреда на коленото.

Дражен по натпреварот бил единствениот од репрезентација кој решил да не преспие во Врцолав, со својата девојка Клара Салатни со автомобил тој се упатил за Франкфурт. Кај Инглоштад Клара удрила во камион, таа ја преживеала несреќата, но Дражен кој спиел во тие моменти не го преживеал ударот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Само еден фудбалер бил подобар од Миовски викендов во Ла Лига 📸

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски викендов го одигра најдобриот натпревар од неговото при…