Дома Трансфер зона Пред три дена му даде гол на Милан, денес потпишува за „росонерите“

Пред три дена му даде гол на Милан, денес потпишува за „росонерите“

Милан пред три дена одигра натпревар против Бодо во квалификациите за Лигата на Европа и се „заљуби“ во ѕвездата на норвешкиот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за младиот крилен напаѓач, Јенс Петер Хауге. Хауге беше асистент на првиот гол и го постигна вториот со одличен удар од далечина.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веднаш после натпреварот започнал преговори со Бодо за трансфер на 20-годишниот напаѓач.

Хауге оваа сезона на 20 меча постигна 17 гола и запиша 11 асисатенции, па е вистинска атракција во норвешкото првенство.

За него интерес покажуваат и други европски гиганти, но Милан е во пол-позиција и се очекува утре да го комплетира трансферот.

„Скај Италија“ пренесува дека италијанскиот гигант за потписот на Норвежанецот ќе плати 4 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…