Дома Фудбал Лига на шампиони Пред натпреварот со ПСЖ Куман ги потврди добрите вести за Барса

Пред натпреварот со ПСЖ Куман ги потврди добрите вести за Барса

Тоа што беше најавено сега го потврди и стратегот на Барселона, Роналд Куман.

На конференцијата за медиуми Куман изјави дека Пике веќе неколку дена тренира со екипата и дека се чувствува одлично.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Пике се чувствува добро, тренира нормално со екипата веќе 4-5 дена. Имаме добро чувство, но и понатаму не сме донеле конечна одлука за неговиот настап. Помина долг период надвор од теренот, па на денот на натпреварот ќе донесеме одлука за неговиот настап“.

За разлика од Пике, Роналд Араухо нема да биде во составот.

„Араухо не тренираше денес и нема да биде во конкуренција за натпреварот утре“, изјави Куман.
Натпреварот помеѓу Барселона и ПСЖ се игра утре со почеток од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ништо од Бенфика – Жоао Феликс најде нов клуб и ги изненади сите

Жоао Феликс беше едно време еден од најголемите потенцијали во европскиот фудбал, но негов…