Дома Фудбал Италија Прв одложен меч сезонава во Серија А поради Ковид

Прв одложен меч сезонава во Серија А поради Ковид

Италијанската фудбалска лига ја уважи молбата на Џенова за одложување на мечот со Торино, кој требаше да се игра овој викенд.

Торино даде согласност за одложување на натпреварот откако од таборот на Џенова вчера потврдија дека имаат дури 11 позитивни фудбалери на Ковид 19.

Поради тоа Џенова уште во понеделникот запре со тренинзи и достави молба до Лигата за одложување на натпреварот.

Засега споменатиот меч е одложен за неопределено време, а нема информација дали постои можност за целосно прекинување на првенството.

Со сигурност ќе се одигра 3-то коло овој викенд, а потоа следи пауза поради терминот за репрезентации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Михајловиќ за „кртот“ во соблекувалната: Ќе го обесам на ѕид

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ вели дека има „крт“ во собчекувалната и во моментов …