
Денвер Нагетс го трејдуваа Мајкл Портер Јуниор и пик на првиот круг (2032) за Кем Џонсон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Портер беше трејдуван во Бруклин со пик на вториот круг, а имаше договор вреден над 100 милиони долари кој беше тежок товар за целиот тим.
Сега Нагетси почнаа да составуваат нов тим кој би можел да ја измени ДНК на лигата. Кем Џонсон има 29 години, игра на позиција крила и минатата сезона просечно бележеше 18,8 поени, 4,3 скока и 3,4 асистенции по натпревар.
По трејдот на Мајкл Портер Јуниор (27) и доведувањето на Кем Џонсон (29), Денвер го врати и Брус Браун (28). Член на шампионската генерација на Нагетс која во 2023 година ја освои титулата и тогаш го изгубија еден од важните играчи во тимот.
Фото: Принтскрин