Дома Фудбал Модриќ одбил да направи медицински преглед со Милан – позната е причината!

Модриќ одбил да направи медицински преглед со Милан – позната е причината!

Лука Модриќ во понеделникот одигра уште една маестрална средба во дресот на Хрватска, во вторникот се појави на судењето на Здравко Мамиќ како сведок, а во среда требаше да направи медицински преглед во Загреб пред потпис за Милан. Меѓутоа, медицинскиот преглед не се одржа.

Оваа недела е исклучително бурна за Модриќ. Терени, суд, медицински преглед, потпис.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Легендарниот Хрват по 13 години го напушта Реал Мадрид. На масата има бројни понуди и без разлика што за неколку месеци влегува во петтата деценија може да избере каде ќе игра.

Во изминатите денови преговорите со Милан беа прилично интензивирани и се чинеше дека сè е готово. Но, во последен момент, играчот за врска реши да ги промени плановите.

Во четврток наутро италијанските медиуми објавија дека пропадна медицинскиот преглед договорен меѓу Милан и Модриќ.

Модриќ љубезно им објасни на претставниците на Милан дека сè уште не може да направи медицински преглед бидејќи е член на Реал Мадрид и од почит кон „кралевите“ тоа не може да го стори.

Според написите на медиумите од Апенинот, договорот меѓу Милан и Модриќ не пропаднал, Росонерите се сигурни дека добитникот на Златната топка им дал збор и дека ќе го одржи по завршувањето на настапите во САД.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан може да игра домашен натпревар 13.500 километри подалеку од „Сан Сиро“: Фудбалскиот сојуз даде оправдување

Домашната средба на Милан против Комо од Серија А би можела да стане прв натпревар од неко…