Дома Фудбал Ансу Фати на позајмица во Монако

Ансу Фати на позајмица во Монако

Фудбалерот на Барселона Ансу Фати денес премина на позајмица во Монако до крајот на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фати ја помина академијата на Барселона, а за првиот тим дебитираше како 16-годишник во 2019 година. Сезоната 2023/2024 ја помина на позајмица во Брајтон, по што се врати во каталонскиот клуб, каде што минатата сезона одигра 11 натпревари.

За Барселона има одиграно вкупно 123 натпревари, постигна 29 голови и освои две шампионски титули.

Според договорот меѓу двата клуба, 22-годишниот фудбалер ќе остане на позајмица до крајот на сезоната, при што Монако ќе има опција да го купи Фати за скоро 11 милиони евра, извести Би-Би-Си (BBC).

Фати е третото засилување на Монако ова лето, по пристигнувањето на Ерик Дајер и Пол Погба, кои потпишаа како слободни играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Арсенал работат истовремено на шест трансфери

Спортскиот директор на Арсенал Андреа Берта и шефот на скаутинг одделот на клубот Маурицио…