Металург ја обезбеди првата победа во регионалната СЕХА лига по победата над Динамо Панчево во рамки на второто коло.
По 12. минути тимот од Автокоманда имаше неверојатни 8:0. На пауза Металург имаше предност од седум погодоци, односно 16:9.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Во второто полувреме, Металург неколку пати имаше и двоцифрена предност. Но на крајот сепак, конечниот резултат беше 25:20.
Анџелиќ и Пешевски во таборот на Маталурзите беа најпрецизни со пет постигнати погодоци.