Наполи вчера со голот на Елмас во петтата минута дојде до победа против Милан во дербито од Серија А.
Милан можеше да го избегне поразот меѓутоа голот на Кеси во 90.минута беше поништен поради офсајд. Офсајдот на Жиру предизвика дебата на Апенините, а се огласи и Жуан Жесус, дефанзивецот на Наполи кој смета дека нема ништо спорно со тоа што голот е поништен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Правилата се јасни. Жиру не ми дозволи да дојдам до топката и да ја расчистам ситуацијата. Не е лесно да играте кога имате фудбалер до вас, посебно не кога тоа е некој како Жиру кој не е воопшто мал. Направив се што можам, правилата се јасни и треба да се почитуваат“.
За него Наполи ги заслужи трите бода.
„Ибрахимовиќ не е брз како што беше, па можевме да ги покриеме и двајцата. Одлично одигравме сите и ги заслуживме трите бода“, изјави Жесус.
giroud non fa niente per contrastare jesus NIENTE pic.twitter.com/phEt7dbxXb
— federica (@acm95fede) December 19, 2021
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли пак смета дека голот кој го постигнал Кеси бил регуларен.