Дома Македонски спорт Мак ракомет По Санталов нов проблем за Вардар: Со Гаџа работата не е завршена!

По Санталов нов проблем за Вардар: Со Гаџа работата не е завршена!

Вчера главна вест во македонската ракометна јавност беше дека Вардар постигнал договор и се е завршено околу доаѓањето на Хрватот, Анте Гаџа. Сепак работата не е завршена!

Средниот бек треба да дојде во Скопје како замена за Скубе меѓутоа помеѓу Вардар и ППД Загреб се уште нема договор. Главниот менаџер на ППД Загреб, Божидар Јовиќ потенцираше дека Вардар треба да плати ако го сака Гаџа.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Луѓето во Вардар знаат колку треба да платат за Гаџа. Кога ќе ја платат таа сума тогаш ќе можат да кажат дека тој е нивни ракометар. Во овој момент ништо не е завршено, Гаџа е наш играч“, изјави Јовиќ.

Дека нема договор потврди и самиот ракометар.

„Не сум потпишал ништо и тоа значи дека јас се уште сум играч на ППД Загреб. Ако клубовите се договорат ќе си заминам. Имаше опција и со Спортинг Лисабон, но јас повеќе сакам да продолжам во Вардар“, изјави Гаџа за хрватските ракометари.

Ова може да биде втор проблем, откако денес Мешков Брест изненадувачки го официјализираше трансферот на Димитри Санталов кој веќе беше виден како нов играч на црвно-црните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Одреден терминот: Еве кога Ѓоковиќ и Синер ќе водат битка за трофејот во Шангај

Организаторите на турнирот го одредија терминот за натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Јани…