Дома Останати Почина легендарниот спринтер кој прв истрча 100 метри за помалку од 10 секунди

Почина легендарниот спринтер кој прв истрча 100 метри за помалку од 10 секунди

Почина Џим Хинс, човекот кој прв истрча 100 метри за помалку од 10 секунди на Олимписките игри во Сиудад де Мексико во 1968 година.

Тажната вест ја објави Меѓународниот атлетитски сојуз, кој соопшти дека Хинс починал во саботата на 76-годишна возраст. На првенството во Сакраменто во 1968 година Хинс истрча 100 метри за 9.9 секунди, но тој резултат не му беше официјално признат бидејќи немаше елктроничко мерење.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Меѓутоа со таа победа тој обезбеди пласман на Олимписките игри истата година и таму истрча за 9.95 и тоа беше резултат елктронички измерен, па официјално ја спушти границата под десет секунди.

Неговиот рекорд стоеше 15 години, се додека Калвин Смит во 1983 година не истрча за 9.93. Во кариерата Хинс успеа да освои и злато како член на американската штафета 4×100 метри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…