Дома Останати Тенис Потврди министерката: Ѓоковиќ до 2025 година нема да игра на Австралија Опен!

Потврди министерката: Ѓоковиќ до 2025 година нема да игра на Австралија Опен!

Министерката за внатрешни работи на Австралија, Карен Ендрјуз потврди дека Новак Ѓоковиќ поради укинувањето на визата ќе добие и забрана за влез во земјата во следните три години. Тоа значи дека Ѓоковиќ до 2025 година нема да може да игра на Австралија Опен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчера Ѓоковиќ беше депотиран и замина во Дубаи после одлуката на федералниот суд.

„Укинувањето на визата е потврдено од федералниот суд, па така Ѓоковиќ ќе добие и забрана за влез во Австралија во следните три години“, изјави Ендрјуз.

Ендрјуз наведе и дека постои можност за понишување на забраната, меѓутоа зависи какви аргументи ќе приложи другата страна.

„Забраната може да се укине, но се зависи какви аргументи ќе бидат поднесени. Во овој момент се тоа е е хипотетички. Сите такви барања посебно се разгледуваат“, додаде министерката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Нова победа за Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа со голема борбеност обезбеди победа од 2-1 во сетови против Франциска Хорхе …