Лорис Кариус пронајде нов ангажман.
Од она финале во дресот на Ливерпул против Реал Мадрид кариерата на Лорис Кариус тргна во надолна линија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходните две сезони Кариус ги помина на позајмица во Бешикташ, а сега се договори за трансфер во Германија и тоа повторно на позајмица. Германскиот голман вчера допатува во Берлин каде што во текот на дешениот ден ќе ги помине лекарските прегледи и официјално ќе стане играч на Унинон Берлин.
Иако Ливерпул инсистираше да го продаде Кариус, ниту еден клуб не сакаше да плати 6.5 милиони евра, па затоа „црвените“ беа приморани да прифатат уште една позајмица.
За Кариус ова е враќање во Германија каде што некогаш бранеше за Мајнц.