Натпреварот помеѓу Баерн и Унион Берлин кој требаше да се игра денес е одложен поради големите снежни врнежи кои направија хаос во Баварија, посебно во Минхен.
За 12 часа паднаа повеќе од 40 сантиметри снег и поради тоа натпреварот кој беше планиран за денес од 15:30 часот е одложен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Алијанц Арената“ има систем за греење и веројатно снегот би можел лесно да се стопи, но официјалните лица сепак се одлучија за одложување на средбата најмногу поради гледачите на трибините.
Исто така јавниот превоз во Германија привремено ќе биде во прекин, па и доаѓањето на стадионот би било отежнато.
Bayern-Union postponed – getting to the stadium impossible with local transport not running, trains in and out of Munich cancelled. Flights suspended till 12.00 too https://t.co/GptGHhUpu1 pic.twitter.com/Q1Je4xhhn9
— Archie Rhind-Tutt (@archiert1) December 2, 2023