Дома Фудбал Италија Постигнат договор: Пепе Реина се враќа во Премиер лигата!

Постигнат договор: Пепе Реина се враќа во Премиер лигата!

Пепе Реина се враќа во Англија после шест години.

Астон Вила е пред ангажман на голманот на Милан, Пепе Реина и тоа бесплатно.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Бројни италијански и англиски медиуми пренесуваат дека Шпанецот ги договорил деталите за шестмесечна соработка со премиерлигашот со опција договорот да биде продолжен за уште една сезона под услов клубот од Бирмингем да остане во Премиер лигата.

Иако договорот на 37 годишниот голман со Милан истекува јуни 2021 година се очекува тој да биде веднаш раскинат.

Поранешниот голман на Наполи и Ливерпул во Милан е резерва на Донарума, на „Аптон Парк“ тој доаѓа како алтернатива за повредениот прв голман Том Хилтон за кого сезоната е завршена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Квартет засилувања од 150 милиони за Чаби Алонсо

По разочарувачката сезона без освоен трофеј во која дополнително Барселона зададе четири б…