Дома Трансфер зона Пепе Реина ќе го засили Лацио

Пепе Реина ќе го засили Лацио

Шпанскиот ветеран Пепе Реина (37) одново ќе го промени клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што денес објавија италијанските медиуми поранешниот репрезентативец на „Фуријата“ има договор со Лацио и утре треба да пристигне на лекарски прегледи.

Реина вториот дел од сезоната го помина на позајмица во Астон Вила и така значајно придонесе славниот клуб да го сочува статусот на премиерлигаш. Неговото враќање во Милано ќе биде само привремено бидејќи седумкратниот шампион на Европа нема ништо против да го пушти. 

Милан се согласи да го раскине договорот со искусниот голман, кој ќе потпише двегодишен договор со Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…