Дома Фудбал Италија Постигнат договор: Наскоро важен потпис на Сан Сиро

Постигнат договор: Наскоро важен потпис на Сан Сиро

Милан постигнал договор со агентот на Рафаел Леао за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.

22-годишниот Португалец пристигна на Сан Сиро пред две години, а оваа сезона буквално „експлодира“ и обезбеди повик во португалската репрезентација.

Леао веќе го привлекува вниманието на многу европски гиганти, па Милан сакаше брзо да реагира и започна преговори за нов договор.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека веќе е постигнат комплетен договор и наскоро Леао ќе стави потпис на нов договор до 2026 година.

Португалецот ќе добие значително зголемување на платата и со новиот договор ќе заработува 4 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лоши вести за Интер: Лаутаро Мартинез паузира четири недели

Интер останува без својот напаѓач во важен дел од сезоната. Лаутаро Мартинез има истегнува…