Италијанските медиуми пренесуваат дека Фиорентина постигнала договор со шпанскиот голман Давид де Геа.
Де Геа повеќе од една година е без клуб, откако минатото лето му истече договорот со Манчестер Јунајтед.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Се верува дека главна пречка за тоа што Давид Де Геа нема клуб беше неговата висока плата.
Сепак, Шпанецот ги намалил барањата и ја прифатил понудата на Фиорентина, па кариерата ќе ја продолжи во Серија А.
Де Геа имаше понуди од Саудиска Арабија, но сакаше да остане во Европа.
🚨 Fiorentina closing a deal to sign David De Gea as a free agent.🟣🇪🇸 #Fiorentina
— Football Transfers (@Transferzone00) August 8, 2024
(via @DiMarzio)