Голманот Давид Де Геа се уште е без ангажман откако го напушти Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната 2022/2023.
Де Геа во овој момент има две понуди од Саудиска Арабија, едната доаѓа од Ал Шабаб клуб кој го предводи Витор Переира и каде што во овој момент е член Иван Ракитиќ, додека името на вториот клуб не се открива.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во Манчестер Јунајтед Де Геа помина 12 години и ги освои Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на Европа. Двапати беше прогласуван и за најдобар голман во Англија.
Според „Трансфермаркт“ неговата вредност во овој момент е пет милиони евра, а во минатото вредеше и до 70 милиони евра. Дресот на Манчестер Јунајтед го носеше на 545 натпревари.