Сагата околу трансферот на Николо Барела заврши откако Каљари и Интер синоќа конечно постигнаа договор околу неговиот трансфер.
Барела имаше договор со „нероаѕурите“ и ги одби сите други понуди, но двата клуба не можеа да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Синоќа, наводно бил постигнат конечен договор – од Каљари се согласиле да ја спуштат цената од 50 милиони евра, па Интер ќе мора да плати 45 милиони евра.
Медиумите пренесуваат дека Каљари ќе прифати сумата да биде платен на рати односно зделката да се води како позајмица со обврска играчот во целост да биде откупен следната година.
Барела се очекува во следните денови да го комплетира трансферот и да патува со тимот на Конте на подготовки во Кина.