Неодамна поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, Вил Вебер ја обвини сопругата на Шумахер дека не му дозволувала да се види со својот пријател.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шумехер доживеа тежок пад во 2013 година на француските Алпи и од тогаш за неговото здравје не се знае многу. Никој близок на Шумахер јавно не кажал во каква состојба е легендарниот возач.
Сега после обвинувањето од Вебер се огласи сопругата на Михаел. Сепак и овој пат таа не откри ништо конкретно.
„Михаел е во најдобри раце и ние правиме се што можеме за да му помогнеме. Траба да разберете дека ние ги следиме неговите желби и тој сака неговата состојба да остане во тајност. Бидете сигурни дека е во добри раце и сакам да ме разберете за неговото здравје да остане во нашата приватност“, изјави Корина.